еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Почната постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија

Економско-енергетскиот совет на Владата одлучи да почне постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од Законот за енергетика на ЕСМ, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

На вонредна прес-конференција во Владата, синоќа, тој потенцира дека парно за скопјани ќе има, како и дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври.

-Економско-енергетскиот совет на Владата штотуку заврши со својот состанок и донесовме одлуки кои сакам да ги споделам со јавноста а се однесуваат на сигурно, стабилно снабдување со енергенси во наредниот период.

Го повикувам Град Скопје, РКЕ и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење за одлуката со што ќе се створат услови за целосно функционирање на ЕСМ со топланите. Обезбедени се финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија, истакна Ковачевски.

Според него, во однос на електрична енергија, и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија.

-Осумдесет проценти ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти т.н. мали потрошувачи со промет годишен до два милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е трипати пониска од берзанската.

Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини, нагласи премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топланите ќе бидат во функција за загревање на градот, вели Ковачевски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трка по акции од Комерцијална банка: „Адора инженеринг“ и натаму најголем поединечен акционер

Редакција

Од утре во Србија трета доза вакцина: Се препорачува за лица со намален имунитет, здравствени работници и патниците во меѓународниот сообраќај

Редакција

Во техничката влада секој акт и документ мора да биде потпишан од министерот и заменикот, во спротивно не важи

Редакција