Телевизијата Телма пренесува дека наскоро ќе почне изградбата на првата од трите 20-катници кај хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.
Фирмата „МГ -Фешн“ и Македонската православна црква можат да почнат со градење на првата кула, а барањето за добивање градежна дозвола на кое потпис стави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, веќе е правосилно, па сега веќе нема никаква правна пречка на првиот од трите плаца на оваа локација, да почне да се гради кулата.
Покрај зградата на истиот плац инвеститорот треба да гради уште една станбена зграда од 22 ката и деловен центар од 16 ката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.