еМагазин
Image default
Локално

Подигнато обвинение за едно од грозоморните убиства во Струмица

Основното јавно обвинителство во Струмица подигна обвиние за извршено убиство против педесет и четиригодишниот М.В. од село Добрејци. Него обвинителството го товари дека на 7 мај годинава на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Иљашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството со тоа што неговото тело го затворил во буре и го фрлил во водите на акумулацијата „Турија“.

Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова, обвинението од ОЈО Струмица е примено во судот и се работи на оценка на обвинителниот акт.

„Обвиненито е примено во судот пред една недела и откако ќе стане правосилно, односно оценката биде позитивна, ќе се закаже главна расправа“, информираше судијката Каламерникова.

Од ОЈО Струмица потврдуваат дека е покреното обвинение против М.В. само за убиството извршено во мај на Иљашев, чие тело беше пронајдено во акумулацијата на 20 јуни. За убиството на вториот струмичанец, шеесет и двегодишниот А.М., чие тело затворено во камионски резервоар за гориво, исто така, беше пронајдено во „Турија“, засега нема подигнато обвиние поради немање доволно докази.

Инаку, полицијата го сомничи М.В. дека е сторител и на второто убиство извршено од користољубие на подмолен начин лани на 9 октомври, а телото на убиениот беше извадено од браната „Турија“ на 5 август годинава.

По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица обвиниетиот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во хотел во Кочани, повреден еден работник

Редакција

Тетовчанка му носела хероин на синот во затвор

Редакција

Затворен угостителски објект во Жеровјане во кој имало 40 гости, најдена и дрога

Редакција