еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Полицијата го пронашла возачот кој за малку ќе ја прегазел судијката Наташа Габер Дамјановска

Судијката Наташа Габер Дамјановска, на нејзиниот фејсбук-профил информираше дека полицијата го пронашла возачот кој за малку ќе ја прегазел на пешачкиот премин кај Рамстор мол.

„Голема благодарност и пофалба за професионализмот и ефикасноста на МВР во пронаоѓањето на лицето кое сериозно ја загрозуваше безбедноста во сообраќајот. Ја истакнувам и желбата да се помогне на хумано, а не само на професионално ниво.

Мојот јавен апел како граѓанин на оваа држава, со најдобра намера и за доброто на сите нас, цели кон заложба за јакнење на превенцијата на вакви состојби и кон построга и поефикасна казнена политика во сообраќајот против крајно неодговорното однесување на некои учесници во сообраќајот.

Постојат бројни соодветни искуства во постарите демократии кои можат да се применат и состојбата да се подобри.

Можна е и дополнителна законска регулатива која би воспоставила построги рамки за сторителите, посебно кога се во прашање дејствија кои доведуваат до непосредна животна опасност по другите, а актуелно се третираат само како прекршоци.

Време е за позитивни промени и воведување ред, со тоа се постигнува и владеење на правото,“ напиша таа на нејзиниот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијката Наташа Габер Дамјановска: Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој претекнуваше други возила со огромна брзина на самиот пешачки

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски: „Кој знае колку од починатите „комплетно вакцинирани“, всушност воопшто не се вакцинирани“

Редакција

(Фото) На денот на пресудата за „Космос“, Сефер Цаноски стана татко по петти пат

Редакција

Повик до верниците за празникот Св.Еразмо Охридски да се придржуваат на заштитните мерки

Редакција