еМагазин
Image default
Локално

Полицијата прекина семејна веселба во угоситителски објект во Тетово на која присустувале 40 лица

Семејна веселба во угостителски објект, на која биле присутни 40 лица прекина вчера полицијата во Тетово, а сопственикот на локалот е приведен.

Како што соопшти МВР вчера во 18:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово била извршена контрола во угостителски објект во Тетово, каде било утврдено дека во објектот имало организирано семејна веселба и имало присутни околу 40 лица.

Лишен од слобода е И.Б.(38) од Тетово, управител на објектот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ на РСМ.

По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петмина го киднапирале од патарина и го тепале за да им препише сопственост врз „Масерати“

Редакција

Скопјанец превртувал маси и се заканувал во ноќен клуб на улица Јордан Мијалков

Редакција

Во сообраќајката на автопатот Неготино – Демир Капија загина 62- годишна жена од Германија

Редакција