еМагазин
Image default
Македонија

Полициските „Алфи“ нема да постојат како посебна единица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека полициските „Алфи“ нема веќе да функционираат како посебна единица.

Согласно новата систематизација односно реорганизација, се формира посебна интервентна единица по примерот на повеќе европски држави, чија крајна цел е да има поголема видливост и активност на луѓето на терен.

„Единиците за јавен ред и мир и „Алфа“ се спојуваат во интервентна единица што ќе работи на заштита на јавниот ред и мир и безбедност на Скопје“, рече Спасовски.

МИА/Фото:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот за безбедност на ОН ниту ќе дискутира, ниту ќе одлучува за Договорот од Преспа

Редакција

Сите детали: Што пишува во предлогот за измени на Законот за државјанство што предизвика хаос на социјалните мрежи?

Редакција

Казни за 409 лица за неносење маска

Редакција