еМагазин
Image default
Македонија

Политичарите да не омаловажуваат новинари во своите јавни говори, велат од ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на непримерната комуникација на Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, преку која јавно се омаловажуваат новинари што известуваат за билатералниот спор со Бугарија.

Тој во својот партиски говор на митингот што се одржа во саботата пред Владата истакна: „Нè лажеа дека не преговараат за јазикот, дека не преговараат за идентитетот, а денес оние платени, за волја на вистината, малкумина владини пера, преку мали колумнички, нè убедуваат дека триумфирале по којзнае кој пат“.

„Укажуваме дека јавното етикетирање на новинарите и на медиумите, посебно од страна на претседатели на политички партии, негативно се одразува на слободата на медиумите и придонесува за цензура и самоцензура.

Вакви јавни наративи директно ги поттикнуваат партиските симпатизери да повикуваат на говор на омраза кон новинари и медиумски работници на социјалните мрежи. Агресивниот говор на омраза и заканите кон новинари може да резултираат и со дела од омраза, со што дополнително може да се загрози безбедноста на новинарите, а со тоа и правото на информирање на граѓаните да примаат информации за важни општествени процеси.

Потсетуваме дека уредничката и новинарската независност е неприкосновена и таа не смее да биде под притисок на политичарите, бидејќи на тој начин се влијае јавниот интерес да се претвори во партиски, а тоа да биде на штета на граѓаните и на нивното право на информирање,“ велат од ЗНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коалициските партнери се оградија од ставовите на Слави Трифонов за Македонија

Редакција

(Фото) Србија повторно прва напомош: Во Македонија пристигнаа 4 хеликоптери за гаснење на пожарите

Редакција

МНР прави напори да им се помогне на нашите граѓани кои „заглавија“ надвор поради коронавирусот

Редакција