еМагазин
Image default
Бизнис

Политичката ситуација по референдумот да се разреши брзо и едноставно, стопанството бара стабилност и сигурност

Ако сакаме позитивно да ја завршиме годината со планираниот економски раст од 3,2 отсто и без какви било негативни последици врз деловниот сектор, тогаш процесот по вчерашното референдумско изјаснување треба да заврши што побрзо и поедноставно, смета Стопанската комора на Македонија.

Според Комората, рано е да се каже дали ќе има или не предвремени парламентарни избори како што најави синоќа премиерот Зоран Заев, но за бизнис заедницата се најважни стабилноста и сигурноста. Не треба да има турбуленции кои би предизвикале проблеми врз производството и инвестициите.

– Секое поместување во оваа насока може некако да се рефлектира. Ако сакаме позитивно да ја завршиме годината, потребна ни е стабилност во функционирањето на институциите. Очекувањето е колку може поедноставно и побрзо овој процес да се заокружи за да не се предизвикаат негативни последици по натамошниот економски раст. Во минатото беше евидентно, и тоа го покажуваа сите статистички показатели, дека во услови кога имаме избори и одредени кризи, стопанството не е имуно и се доведува во пад или стагнација, истакна в.д. извршната директорка на Стопанската комора Билјана Пеева Ѓуриќ, одговорајќи на новинарски прашања.

Потсети дека Македонија лани ја заврши годината со 0,1 отсто раст.

– Влеговме во фаза кога состојбите почнаа да се раздвижуваат и кумулативно имаме раст на БДП од 1,6 проценти во првото полугодие, а само во вториот квартал 3,2 отсто. Далеку сме од економска стагнација, но доколку сакаме да го постигнеме проектираниот раст од 3,2 процента треба да постојат реално такви состојби на пазарот и да нема непредвидени движења на домашната сцена или од надворешни фактори, нагласи Пеева Ѓуриќ на прес-конференцијата за состојбите во пивската индустрија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Треба согласност и интерес и од Грција за ставање во функција на железничката линија кај Меџитлија

Редакција

Македонија ќе има најмал раст и највисок буџетски дефицит во Западен Балкан, прогнозира Светска банка

Редакција

Општина Струмица склучи договор со „Џови компани“ вреден 1,6 милион евра

Редакција