Помпезна свеченост организираше денеска Владата кај наплатната рампа Тетово – Гостивар за откривање на табла за автопатите на коридорите 8 и 10д, за кои граѓаните ќе платат 1,3 милјарда евра.
На свеченоста беше присутна речиси цела влада, амбасадори, градоначалници…, а на новинарите не им беа дозволени прашања, иако неодамна Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите, отвори предмет по допрен глас.
Автопатите ќе ги гради конзорциумот предводен од „Бехтел и Енка“, а по објавите во медиумите во однос на компаниите вклучени во конзорциумот ИРД, што беше избран за надзор, и Антикорупциската комисија најави дека ќе ги провери наводите.
Предвидено е да се градат четири автопатски делници во вкупна должина од 110 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
Антикорупциска отвори предмет за изградбата на автопатиштата
Фото: Груби/Фејсбук