еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

СВР Штип: Во рок од 15 месеци 12 граѓани од истокот измамени со подигање на брзи кредити

Во рок од 15 месеци на подрачјето на СВР Штип дванаесет граѓани пријавиле дека се измамени со подигање на брзи кредити, покажуваат статистичките податоци на Секторот за внатрешни работи.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека оваа бројка е за лани и привите три месеци од оваа година.

-Ве информираме дека во текот на минатата и изминативе месеци оваа година на подрачјето на СВР Штип дванаесет лица пријавиле дека се измамени за подигање на брзи кредити.

СВР Штип до надлежното ОЈО во овој период има поднесено 5 кривични пријави и едно известување за сторени седум кривични дела поврзани со измами за добивање брзи кредити, од кои три кривични дела се расветлени, а за останатите се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измами, вели во писмената изјава Панајотова.

СВР Штип апелира до граѓаните да бидат претпазливи, да внимаваат во комуникацијата со непознати лица и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатните телефонски броеви 192 и 112.

Последен случај за измама за брз кредит е во Виница, каде што вработена во подрачната единица на ПИОМ на туѓо име успеала да подигне четири кредити, како и случајот со затвореници од штипскиот Затвор кои на име на охриѓанец зеле кредити во висинаа од 100.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За брз кредит од 9.000 денари наплатени 75.752 денари: Бидете внимателни!

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од 15 илјади лица исчезнати во војната во Украина, велат од Меѓународната комисија за исчезнати лица

Редакција

Во буџетот на општина Аеродром 400.000 денари за субвенции за инвертери, а над 4.000.000 денари за пи-ар услуги

Редакција

Прашина и песок од Сахара, времето за викендов топло и мачно

Редакција