Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ, што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), информираше министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.
Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.
Количините на вакцини постојано се дополнуваат, а Филипче апелира сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk.
Фото: Фејсбук/Филипче
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.