еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Попусто полициски час ако верниците ги преплават црквите пред Велигден

Лавина реакции во јавноста предизвика најавата од Македонската православна црква дека ќе има причест во црквите и дека како вообичаено ќе се користи исто лажиче за сите верници.

Реакциите се оправдани ако се земе предвид дека има вонредна состојба во нашата земја и дека одржувањето на овој црковен чин во пресрет на големиот празник Велигден е закана за населението и свештенството поради ризикот од ширење на корона вирусот.

Иако е добро е што црквата и нејзините претставници упатија апел до верниците да ги почитуваат препораките на Владата за корона вирусот прашање е колку тие ќе покажат свест за опасноста од оваа зараза и дали ќе ги послушаат нивните апели.

Уште поголема е дилемата какво фајде од неколкудневниот полициски час за Велигден кога денес во пресрет на големиот празник верниците може да ги преплават црквите.

Факт е дека голем дел од населението се уште ноншалатно се однесува кон заканата од корона вирусот за што доказ се секојдневните приведувања поради прекршување на полицискиот час.

Од МПЦ веќе порачаа дека на големиот празник би било убаво верниците да запалат свеќа на балконите и на полноќ да го одбележат Христовото воскреснување.

Станува збор за убава можност во македонските градови прв пат Велигден да се одбележи на овој начин со прекрасна глетка и чувство на заедништво и покрај дистанцирањето и големата закана по колективното здравје.

Затоа, верниците денес и утре треба да останат дома, ќе има подобри времиња кога славењето на големиот празник ќе се врати во верските храмови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Отец Пимен: Немате слушнато дека може да се причестуваме без пост и кога ќе спласне пикот на короната?

Повик верниците на Велика Сабота да излезат на своите балкони со свеќа и да го запеат тропарот на Воскресението

МПЦ пред Велигден повика да се почитуваат мерките за превенција од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Царинска управа склучи договор со “Ремондис медисон“ вреден 347,1 илјади евра

Редакција

Кои десет земји се пласираа во финалето по првото полуфинале на Евровизија

Редакција

Влатко Стојкоски нов директор на Државниот пазарен инспекторат

Редакција