еМагазин
Image default
Локално

Поради агресивно однесување прво го привеле синот, па мајката која дошла во станица

На 29.06.2020 во периодот од 03.50 часот до 06.10 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициска станица Карпош ги привеле С.Л.(22) и Л.Н.Е.(45), двајцата од Скопје, бидејќи во 03.50 часот на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Бледски договор“, С.Л. кој бил во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници, информира МВР.

Оттаму додаваат дека во 06.10 часот во просториите на Полициска станица Карпош, Л.Н.Е. го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син С.Л., кој бил претходно приведен.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривични пријави за седум лица кои направиле хаос на пазарот во Струмица

Редакција

Гореше „БМВ“ во Штип, огнот зафатил уште едно возило

Редакција

Скопјанец „шутирал“ полицајка во подземна гаража

Редакција