еМагазин
Image default
Локално

Поради непочитување на здравствените прописи затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Полициски службеници од Полициска станица Гостивар, синоќа во 22:50 часот, при извршена контрола на угостителски објект- чајџилница на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.И.(45) од Гостивар, констатирале дека се постапува спротивно на законски пропишаното работно време за време на епидемија, при што во објектот имало 11 гости.

Како што информираат од МВР, објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.И. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тепачка во спортска обложувалница во Скопје

Редакција

Кривична пријава против скопјанец кој неовластено снимал полицајци

Редакција

Двапати бил хоспитализиран во Бардовци синот кој го уби таткото во Скопје

Редакција