еМагазин
Image default
Македонија

Поради несовесната директорка, можно затворање на цел оддел на Клиниката за кожни болести

Поради несовесната директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која е четвртиот случај на заразено лице со коронавирусот во Македонија и која не ги почитувала препораките за лица кои се враќаат во земјава од Италија, можно е затворање на цел оддел на Клиниката за кожни болести, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој изрази длабоко разочарување од нејзината постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црно ни се пишува кога лекарка не ги почитувала препораките за корона вирусот

“Морам да изразам крајно разочарување во контекст на непочитувањето на апелите и препораките кои постојано ги упатуваме, а се однесуваат на заштита и одговорно однесување после патувања во ризичните региони.

Колешката одела редовно на работа. Земајќи го предвид овој факт, исклучително со големо внимание постапуваме со мерките што ги преземаме на Клиниката на кожни болести.

Епидемиолози од Институтот за јавно здравје прават проценка на степенот на ризик, на вработените и на пациентите. Можно е согласно одлуката на епидемиолозите, одделот да се затвори целосно.

Пациентите кои се таму хоспитализирани исто така ќе се заштитат, утврдено е дека тие можат да го продолжат лечењето во домашни услови. Сите други прегледи ќе бида насочени кон другите јавно здравствени институции.

Таа немала директен контакт со пациенти во амбуланта кои доаѓале изминатава недела. Но, имала контакти со членови на нејзиното семејство, со пријатели, по што за сите нив согласно разговорите ќе се донесе соодветна одлука, дали ќе бидат под здравствен надзор“, рече Филипче и посочи дека ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје.

“Сега таа е на лекување, ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје. Нема друг начин на заштита освен да се почитуваат апелите и препораките усвоени од Владата.

Колешката е хоспитализирана, останатите ќе бидат во изолација. Максимално сум разочаран. Не можеме да ги затвориме границите, ниедна држава не затвора граници.

Сите препораки на експертите се самоизолација, како што уште пред две недели препорачавме, за секој кој доаѓа од ризичен регион. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје зашто е тоа наш приоритет“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврти случај на коронавирус: Заболена директорката на Клиниката за кожни болести

(ВИДЕО) Морничави сцени од Италија: Коронавирусот ги испразни улиците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети: Изборниот процес помина според очекуваните стандарди

Редакција

Нови 225 случаи со Ковид-19 од 1.841 тестирања: Најмногу во Скопје дури 120

Редакција

Не поднесувам оставка, Собранието ќе одлучи кој ќе биде министер, вели Меџити

Редакција