еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради отсуство на Османи, одложено судењето против него за навреда и клевета

Во Основниот граѓански суд Скопје денеска се одложи судењето по тужбите за навреда и клевета поднесени против министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), Бил Николов, и ММДЧП како организација.

Судењето беше одложено, бидејќи Османи бил на службен пат за што неговиот адвокат достави информација до судот непосредно пред почетокот на рочиштето.

Според тужителот, кон денешното барање на одбраната не биле доставени докази за оправдано отсуство.

– Кон барањето не беа доставени докази за оправдано отсуство. Како и да е, навистина секогаш има причини, некакви состаноци. Меѓутоа, министерот некогаш треба да одбере и таму да одложи и да дојде на ова судење.

Доколку не сака, одбраната има можност да инсистира да се одржи судењето без негово присуство и да се цени фактот дека го развлекува судењето и одбива да дојде на суд, а судот нека ги мери фактите, изјави адвокатот Трајче Торов, кој посочи дека во меѓувреме не е стигнато извинувањето од министерот.

На 27 јануари годинава претседателот на ММДЧП, Бил Николов, поднесе тужба за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје, Македонија, против Бујар Османи, министер за надворешни работи во Република Северна Македонија и против редакцијата на порталот 360 степени.

Според ММДЧП, на 27 октомври 2022 година, 360 Степени објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за нив и за Николов. Оттаму велат дека во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на 360 Степени на 28 октомври 2022 година, Османи „изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења“. Дополнуваат дека министерот овие изјави против ММДЧП и Бил Николов ги изнел и за време на неговата прес-конференција на 11 ноември 2022 година.

Процесот го води судијката Јехона Садику. Судењето продолжува на 26 декември.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Да купиме акции од ученичка компанија од Берово, за да ги брендираат локалните малешевски производи

Редакција

Починаа седум лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.010

Редакција

Пристигна колекцијата есен – зима: Луис & Кларк во новата кампања за мултибрендот FASHION&FRIENDS

Редакција