еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради пожарот сообраќајот Делчево-Пехчево повторно во прекин, словенечките пожарникари на терен

Пожарот во пехчевско се прошири кон патот Делчево – Пехчево и зафати дел од блиската шума во атарот на селото Црник. Поради новонастанатата ситуација повторно е во прекин сообраќајот во правец од Делчево кон Пехчево.

– Забраната за движење важи од 11 часот, на повеќе локации имаме наши екипи кои го упатуваат населението кон алтернатнивниот патен правец преку селото Бигла, информираат од полицијата во Делчево.

Во меѓувреме на терен пристигнаа и противпожарните возила од Словенија кои веднаш се вклучени во гаснењето на пожарот кај селата Робово и Умлена каде хеликоптерите се повлекоа за да наполнат гориво, а гаснењето продолжува теренски.

Во атарот на овие две села ситуацијата е стабилна, но се уште пожарот е активен и продолжува неговото гаснење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет хеликоптери го гасат пожарот кај Пехчево

Спасен манастирот „Св Петка” кај Пехчево

(ВИДЕО) Најтажните црковни ѕвона над Пехчево

МИА/Фото: МО на Словенија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва регионална конференција „Родителството некогаш и денес“ под покровителство на „Бекутан“

Редакција

Заев синоќа не присуствуваше на ЦО на СДСМ поради снегот

Редакција

Идри Истрефи кандидат за градоначалник на Струга на Алијанса за Албанците и Алтернатива

Редакција