еМагазин
Image default
Локално

Утре нов протест против пресудата за „Монструм“

Секторот за внатрешни работи информира дека утре од 13.30 часот по улиците на потегот од Чаир до зградата на Владата ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.

Од МВР информираат дека со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата на Република Северна Македонија.

„Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски““, стои во соопштението.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а заради заштита на новинарските екипи кои ќе го следат протестот, потребно е истите своите акредитации да ги носат на видливо место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четириесетгодишник од Делчево приведен поради обљуба врз момче од Македонска Каменица

Редакција

Со закана со пиштол ограбена обложувалница во Битола

Редакција

Тетовчанка му носела хероин на синот во затвор

Редакција