еМагазин
Image default
Македонија

Рекорден број хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во велешката болница

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 92 пациенти, од кои 77 се позитивни, осум сомнителни  и седум пациенти се со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 41 пациенти.

„Ова е најголем број на хоспитализирани од почеток на ковид-пандемијата. Вчера беа 88 и секој ден за жал бројот на болни се зголемува“, информира портпаролот на болницата, д-р Елеонора Јованова.

Таа соопшти дека еден пациент со потешка слика е транспортиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.

Јованова информира дека на Инфективното одделение има 54 пациенти колку што има и кревети, во модуларната болница има 30 пациенти од вкупно 47 кревети и на Интерно Б крак има осум пациенти кои се сомнителни или се лекуваат со последици по прележан Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата предложи продолжување на кризните состојби со топлинска и со електрична енергија

Редакција

Во Кичево три нови случаи на Ковид-19

Редакција

Македонската амбасадорка повикана во бугарското МНР поради забраната за влез на Ковачев

Редакција