еМагазин
Image default
Македонија

Во Кичево три нови случаи на Ковид-19

Во Кичево денеска три нови лица заразени, а 15 оздравени од Ковид-19, покажуваат податоците од Министерството за здраство, со што вкупниот број на заразени во оваа општина достигна 266 лица, од кои 86 се активни, 170 се излекувани и десет лица се починати.

Според денешните податоци продолжува трендот на намалување на активни случаи во Кичево.

-Денеска кај нас имаме тројца новозаболени лица од коронавирусот кои се лекуваат во домашни услови, но од друга страна бројот на активни случаи се намалува дури за 15 лица и падна на 86, што значи по подолг период имаме драстично намалување на бројката на активни случаеви во Кичево, вели доктор Станко Трпески, директор на Општата болница и член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој апелира до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа пет пациенти од Ковид-19, најмладата има 46 години

Седум нови случаи со Ковид-19 во Куманово, два во Липково

Нови 119 случаи на Ковид-19 од 2.065 тестирања, половината од Скопје

МИА/Фото: Општина Кичево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 259.894 граѓани: 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Лидерската за уставните измени потврдена, се чека датум

Редакција

Бројката на заразени со коронавирус на крузерот во Јапонија каде што има и наши граѓани, достигна 174 лица

Редакција