еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот градоначалник на Битола, Талески останува во затвор

Од Врховниот суд денеска информираа дека пресудата за случајот „Транспортер“, во кој е осуден поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кој доби затворска казна, е законски изречена.

Од таму посочуваат дека аболицијата од поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов не ги опфаќа осудените за случајот.

-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 26.06.2023 година одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2 бр.6/23 познат во јавноста како „Транспортер“.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23 со која барањата на осудените В.Т. и С.Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ.Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, го отфрли како недозволено, информираа од таму.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се укинува забраната за движење во шуми: Засилени контроли за спречување пожари на отворено

Редакција

Џолев до министерот Спасовски: Кривичниот суд е апсолутно независен во одлучувањето

Редакција

ГЕРБ на Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија

Редакција