Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски стана извршен директор на EuroTeleSites AG на А1 Телеком Австрија, објави битолскиот портал bitolanews.mk.
Групацијата А1 Телеком Австрија го одвои бизнисот со базните станици од својата компанија и ја формираше новата компанија EuroTeleSites AG.
Ивановски беше министер од 2008 до 2015 година. Тој работеше седум години во А1 Телеком Австрија, а а во последните шест како директор на Секторот за меѓународни односи и ЕУ-регулативи во оваа компанија, пишува порталот.
Фото: Фејсбук/Ивановски/Bitola news
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.