Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и уште седум лица добија притвор од 30 дена.
Постапувајќи попредлог на Основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка во однос на десетте лица кои вчера беа спроведени во Судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинител и на М.Ј., А.Ј., Е.Р., М.Ј., Д.Д., В.С., Д.М., и Л.С., им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, а на Б.Д. и С.К., им определи мерки за претпазливост, соопштија од Основниот кривичен суд.
Судот смета дека се исполнети условите од член 165 став 1, точка 1 и 2 задел од обвинетите и точка 1, 2 и 3 за другиот дел од обвинетите, односно опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да се повтори делото.
Против ова решение странките имаат право на жалба, додаваат од Основниот кривичен суд.
Осомничените се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, а едно лице се сомничи за несовесно работење во службата. Тие со противзаконските дејствија што ги направиле го оштетиле буџетот во износ од 2.647.802 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициска акција во Скопје: Кривични пријави за Миле Јанакиески и уште 10 лица
Фото: Фејсбук/Јанакиески