еМагазин
Image default
Локално

Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден мртов во својот автомобил во центарот на Тетово

Пред неполн час во близина на главниот плоштад во Тетово е пронајдено безживотното телото на поранешниот возач на Хазби Лика, Фатмир Тахири од Тетово, јавува „Алсат-М“.

Телото, со прострелна рана, е пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син, недалеку од местото на живеење. Според првичните информации од увидот, на стаклото од автомобилот се забележани дупки од огнено оружје, но сè уште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство.

Тахири бил вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово. Засега познато е дека починатиот немал семејни проблеми, ниту пак, имал проблеми на работното место. На местото на настанот има полиција и јавен обвинител од Канцеларијата на обвинителот во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот возач на Хазби Лика извршил самоубиство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден велосипедист по удар од „мерцедес“ во Битола

Редакција

Кривична пријава за доктор од Битола: Предизвикал тешко нарушување на здравјето на пациент со лоша дијагноза

Редакција

На 45-годишна жена и се слошило и починала во автомобил на автобуска постојка во Аеродром

Редакција