еМагазин
Image default
Бизнис

Пораст на извозот: Најмногу тргуваме со Германија, Британија, Србија, Грција и Кина

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1.072.524.000 евра, и бележи пораст од 9.8 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.368.640.000 евра што е за 4.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 296.116.000 евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот.

Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари-февруари 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забраната за летови од Македонија до Полска продолжува до 8 септември

Редакција

Мазутот поевтинува за денар, останатите горива со исти цени

Редакција

Агенцијата „Спид“ го доби тендерот на општина Струга за привремени вработувања „тежок“ 65.000 евра

Редакција