еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Пораст на трошоците на животот: Поскапеле лебот, овошјето, маслото, месото…

Трошоците на животот во јули 2019 година, во однос на претходниот месец, се зголемиле за 0.2 %, а цените на мало за 1.1 %, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со јули 2018 година, бележат пораст од 0.8 %, а цените на мало пораст од 0.7 %.

Пораст на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4.8 %, маслото и маснотиите за 2.1 %, лебот и житата за 1.7 %, другите млечни производи за 0.6%, житата за 0.4 %, трбушките, сирењето и урдата, сувото овошје и јаткастите производи за 0.3 %, месото, свежата и разладената риба, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, другите прехранбени производи за 0.2 %.

Во јули 2019 година, пораст на трошоците на животот исто така е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 25.4 %, информатичката опрема за 7.8 %, туристичките пакет-аранжмани за 4.7 %, услугите за сместување за 2.0 %, автомобилите за 1.5 %, велосипедите за 1.3 %, другите медицински производи за 0.7 %, лековите за 0.5 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.4 %, цврстите горива за домаќинствата, теписите и другите покривки за под за 0.3 %, средствата за чистење и одржување на станот, другите услуги за опремата за сопствен превоз, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.2 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На скопските улици „живеат“ 167 деца меѓу кои и 18 бебиња

Редакција

Осумдесет отсто од адвокатите обезбедиле бесплатна правна помош за сиромашните

Редакција

Пченица и брашно ќе има, нема потреба од паника, вели претседателот на Групацијата за мелничко-пекарска индустрија, Малишиќ

Редакција