еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Пораст: Секој од нас лани создал 412 килограми отпад

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2018 година изнесува 625.386 тони.

Споредено со 2017 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2018 година бележи намалување од 1.6 %.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 166.029 тони или 26.5 % од вкупното собрано количество во Република Северна Македонија.

Од вкупното количество на собран комунален отпад, 509.002 тони или 81 % се собрани од домаќинствата, а останатите 19 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад 535.604 тони или 85.6 %, а најмало количество отпад од гума – 673 тони или 0.1 % од вкупното количество собран комунален отпад.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Северна Македонија во 2018 година изнесува 854.865 тони.

Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2018 година изнесува 412 кг по жител, што е за 8.6 % повеќе од истото количество во 2017 година. Најголемото количество на собран комунален отпад (99.5 %) се исфрла на депонија.

Фото: iStock

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската асоцијација за управување со отпад дел од водечкиот саем „Екомондо“

Редакција

Во погоните на „Брако“ произведено ново иновативно возило од брендот „Green Machines“

Редакција

Недела на иднината: Излези на протест за чист воздух, акција, марш, блокада

Редакција