еМагазин
Image default
Бизнис

Пораст за индустриското производство за 8,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година се зголемило за изнесува 8.4 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, бележи опаѓање од 11.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6.3 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.1 %, Капитални производи за 25.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 26.7 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 9.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север

Редакција

А1 Македонија и Македонски телеком добија одобренија за 5Г мрежата

Редакција

(Галерија) Кои се најуспешните хотели за езерски туризам во Македонија

Редакција