еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Португалија против фиксни датуми за проширување на ЕУ

Владата на Португалија најави дека проширувањето на Европската унија не треба да има фиксни рокови, дека нејзините институции мора да се реформираат за да се прилагодат на новите членки, особено кога станува збор за одлучување, но и дека е неопходно за земјите кандидати да ги исполнат своите задачи.

– Не е мудро да се поставуваат фиксни или многу конкретни рокови. Процесот на проширување се заснова на сопствените заслуги на кандидатите и на проценката на нивниот капацитет и исполнувањето на критериумите од Копенхаген, рече Тијаго Антуњеш, државен секретар во Министерството за европски работи

Антуњеш додаде дека проширувањето на ЕУ ќе биде „централен дел“ на состанокот во Гренада.

– Тоа е апсолутен приоритет, што од суштински геополитички причини доби ново значење, како за земјите од Западен Балкан, кои најдолго чекаат, така и за источното трио Украина, Молдавија и Грузија, рече тој.

Според него, Лисабон верува дека проширувањето на Европската Унија е инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на континентот.

– Сакаме тоа да се случи, се надевам што е можно поскоро, додаде Антуњеш.

На крајот на август, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека сака Европа да биде подготвена за проширување до 2030 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска сведочеше за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, беа информациите што стигнаа до мене

Редакција

Столтенберг: Руската војска прави воено злосторство, ова е најбрзорастечката воена криза од Втората светска војна

Редакција

(Фото) Клиничката болница „Жан Митрев“ повторно носител на златниот печат од JCI

Редакција