еМагазин
Image default
Локално

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради првомајски протести

СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје поради одржување два синдикални првомајски протеста.

Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул. „50 Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на бул. „Илинден“.

Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на бул.„Илинден“ пред Владата.

-МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информира Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Со воздушна пушка застрелал домашни животни на соселанец

Редакција

Старец со „Твинго“ удрил старец и побегнал

Редакција

Град Скопје распиша тендер за реконструкција на „Партизанска“ вреден 1,4 милиони евра

Редакција