еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапуваат бензините, дизелот и мазутот

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0,5 денари за литар, на дизелот за три, а на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, додека мазутот поскапува за 0,977 денари за килограм.

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Еуросупер БС – 95 ќе чини 89,50 денари, Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 92 денари, Еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 101,50 денари, а екстра лесното масло 97,50 денари.

Цената на мазутот ќе изнесува 53,955 денари за килограм.

Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто во однос на одлуката од 26.08.2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ го менува Извршниот, кој се е во Централниот одбор?

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Се што треба да знаете за кинеската вакцина Синовак

Редакција

„Дрво-пром“ го доби тендерот на Управниот суд за адаптација и реновирање вреден 840.000 евра

Редакција