еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Постигнат договор за личните документи помеѓу Србија и Косово

Србија се согласи да го укине издавањето влезно-излезни документи за лицата кои имаат косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за оние кои имаат српски лични карти, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Борел на Твитер наведе дека е „постигнат договор“ во преговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

– Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија, користејќи ги нивните лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од (косовскиот) премиер Албин Курти за ова, рече Борел.

Тој додаде дека тоа е „европско решение“ и им честиташе на Курти и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Им честитаме на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното водство, додаде Борел.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации распиша тендер за набавка на џип

Редакција

Од Ковид-19 починаа две лица од Тетово

Редакција

(Видео) Почина пејачот Масимо Савиќ

Редакција