еМагазин
Image default
Македонија

Потешката клиничка слика која ја развива британскиот сој на вирусот носи и млади и здрави животи, вели Стевановиќ

Директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ во гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма изјави дека потешката клиничка слика која ја развива британскиот сој на вирусот, за жал носи и млади и здрави животи.

Стевановиќ истакна дека за разлика од изминатиот период кога поранливи биле постарите лица и оние со коморбитети, сега потешка клиничка слика се развива за многу пократко време и предизвикува проблеми и кај помладите и здрави пациенти.

– Новата варијанта на вирусот остава подруга слика и тоа не само во симптомите, туку и во тежината на болеста, времетраењето на болеста и во времето кога се појавуваат симптомите.

Ако претходно научивме една динамика на негово развивање и очекувавме компликација 7-8 ден и потоа 10-11 ден како можност за наредно влошување на состојбата, сега се остава впечаток дека оваа варијанта дава влошувања и после 13-14 ден, но и на самиот почеток на болеста.

Така што многу е непредвидлив и за жал развива многу потешка клиничка слика, истакна Стевановиќ.

Во однос на лекувањето, посочи, дека по ништо не се разликуваме од она што се применува во регионот и во светот.

– Ние имаме најниска бројка на починати на милион жители, но тоа ни оддалеку не е нешто за што човек треба да се пофали. Тоа се загуби кои секој бел мантил ги носи не само професионално, туку и емотивно, рече Стевановиќ.

Капацитетите на Инфективната клиника, како што соопшти, се во целост исполнети, но динамиката на испишување и прием на нови пациенти, дозволува да се опфатат и пациентите кои би дошле во следните денови.

Дури и во случај кога капацитетите на Клиниката се исполнети, постои тесна комуникација со останатите ковид центри и досега, како што посочи, не е оставен ниту еден пациент незгрижен.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 16 лица, дополнително пријавени уште девет

Редакција

Сите барања на пензионерите ќе бидат разгледани, уверуваат од Министерството за труд и социјална политика

Редакција

Руска амбасада за изјавите на Пендаровски: Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава

Редакција