На седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува денеска во Тирана беа потпишани договори меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија.
Албанскииот премиер Еди Рама, неговиот македонски колега Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ го потпишаа договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, кој ќе овозможи воведување единствена работна дозвола за трите држави.
Тројцата лидери потпишаа и договор за поврзување на системот за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан.
Министрите за земјоделство на Албанија и на Србија, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ и заменик министерот Трајан Димковски, пак, го потпишаа Договорот за соработка во областа на ветеринарството, фитосанитарната и безбедноста на храната и животните.
Потпишани се и договорот меѓу владите на Северна Македонија и на Албанија за взаемно признавање на одобрените овластени деловни субјекти за сигурност и безбедност (АEOС), како и договорот меѓу албанската и српската влада за заемно признавање на одобрените овластеи деловни субјекти (АЕОС).
На Форумот за земјоделство и регионална соработка, премиерот Рама рече дека со потпишувањето на договорите „се отвора нова ера на Балканот“
-Ова е нова ера за Балканот. Би замолил од денеска да отворите заеднички пазар на соработка со цел размена на студенти и вклучување на земјоделскиот сектор, рече Рама.
Потпишувањето на договорите, додаде, ќе придонесе за зголемување на земјоделскиот сектор.
-Сигурен сум дека денес ќе биде среќен бројот на луѓе, компании кои од Албанија одат во Северна Македонија или Србија да извезуваат производи, бидејќи за нив патот е веќе отворен и целосно активност без граници.
Ова е извонредно достигнување, зашто денес практично ја воспоставивме оваа значајна платфрома со наш потпис и од јануари ќе ги видат придобивките, рече Рама.
МИА/Фото: Влада