Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-4 и Охрид-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.
Последната дистрибуција по градови е Скопје – 713, активни 199, Куманово – 433, активни 34, Дебар – 51, активни 0, Штип-40, активни 5, Прилеп –210, активни 48, Тетово – 172, активни 77, Струга – 75, активни 8, Велес – 127, активни 43, Битола –28, активни 7, Охрид –23, активни 8, Кавадарци – 5, активни 0 , Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 0, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) , Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.
“Направените 508 теста се преку: Институт за јавно здравје –266, Ветеринарен факултет -21, Авицена –24, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода -31 и МАНУ -117.
Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на Kовид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.
Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на Ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 18 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на инфективната клиника во Скопје. На домашно лекување се следат уште 4 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на Kовид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Изминатото деноноќие нема регистрирано починати од корона вирусот
Убава вест: Оздравени уште 11 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.422
Фото: Факултет за ветеринарна медицина