еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Повеќе од милион починати од Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица.

Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови случаи на инфекција со коронавирусот, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Од последниот пресек, умреле уште 17 пациенти, а досега се вкупно заразени 287.421 лица, од кои умреле речиси 9.500 лица.

Украина денеска пријави уште 4.027 нови случаи на коронавирус, што е најголем раст на нови случаи за еден ден од 26 септември, кога беа регистрирани 3.833 нови случаи. Според официјалните податоци, во земјата се заразени вкупно 208.959 лица, а умреле 4.129, пренесуваат британските медиуми. Поради зголемениот дневен раст на заразени во текот на септември, што е поголем од 3.000, властите одлучија да ги продолжат мерките за карантин до крајот на октомври.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 213 нови случаи на инфекција со коронавирусот, а има и пет умрени лица, додека бројот на активни случаи е 1.256, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Од 25 февруари во Хрватска се регистрирани 16.593 лица со коронавирусот, од кои 280 починале.

Нов рекорден број на пациенти за еден ден е забележан и во Словенија, откако 203 лица се покажаа позитивни на тестирањата за коронавирусот, додека едно лице умрело. Во Словенија досега се заразени вкупно 5.690 лица, а умреле 150.

Од 842 тестови извршени во последните 24 часа во Албанија, Ковид-19 е дијагностициран кај 131 лице. Истовремено умреле уште тројца пациенти. Од почетокот на пандемијата, извршени се 88.040 тестови, добиен е позитивен резултат кај 13.649, а умреле 387.

Втор ден по ред на Косово не се регистрирани жртви на Ковид-19, така што бројот на смртни случаи од коронавирусот останува 625. Минатиот месец беа потврдени 46 нови инфекции и 62 лекувања, а од избувнувањето на пандемијата, имало 15.620 лица со утврден вирус, од кои 13.554 го преживеале заболувањето.

Во Грција се регистрирани 354 нови случаи на Ковид-19 и три смртни случаи. Бројот на заразени се зголеми на 18.475, а на починати на 391 лице.

Министерството за здравство на Кипар соопшти за 12 нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.755 од почетокот на епидемијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Индиска варијанта на Ковид-19 се шири, вакцината на „Фајзер“ делумно ефикасна

Редакција

Анкета: Граѓаните со ниска доверба во институциите и политичките партии, најмногу им веруваат на верските заедници и на војската

Редакција

Едно лице приведено, случаи на агитирање, графити на избирачки места, нудење пари за глас, регистрира МВР

Редакција