еМагазин
Image default
Техно

Повеќе време поминувате пред телефонот наместо пред телевизорот? Наскоро можеби ќе ја промените таа навика

Патот до идеалниот производ често е поплочен со непосредни искуства и желби на корисникот, особено кога е во прашање пазарот на технологијата, каде што трeндовите и навиките се менуваат со огромна брзина. Така, кога се работи за гледање телевизија, еден од најчестите одговори на испитаниците во истражувањето на Samsung компанијата е дека „најголем дел од времето во текот на денот го поминуваат гледајќи во телефонот, отколку во телевизорот, но би сакале и истовремено да уживаат во содржината од мобилниот телефон на поголем екран, со подобар квалитет на звукот.

Токму таа реченика беше почетна точка за создавање на првиот ротирачки телевизор во светот, The Sero, кој што сам се поставува хоризонтално или вертикално, во зависност од содржината која се прикажува или од желбата на корисникот. Набрзо потоа, се отвори цел свет на нови можности, во поглед на многу работи кои може да се гледат на телевизорот, а некои од идеите прочитајте ги во продолжение:

Домашна теретана

Вежбањето на различни YouTube канали оваа година доживеа масовна популарност, а голем дел од нас за тоа го користат лаптопот или телефонот, што не секогаш е најпрактично, заради честите промени на положбите во текот на вежбањето. Затоа The Sero во такви ситуации е феноменална замена, бидејќи вежбите можете да ги гледате во стоечка положба вертикално, додека пак телевизорот ќе се ротира во моментот кога вежбите ќе се „префрлат“ на подот, со што ќе ви биде полесно да го следите секој чекор.

Музичка вечер

Кога сме веќе кај YouTube, и слушањето музика и гледање видео содржини на оваа платформа се многу повозбудливи и поинтерактивни на големиот екран – посебно на оној кој што се ротира по потреба. Еден од коментарите на корисниците во текот на истражувањето беше и дека „сакаат да уживаат во музиката со телефонот, но на звучници со најдобар квалитет“, а моќниот систем на звучникот на Samsung The Sero телевизорот со јачина од 60W има повеќе од доволен капацитет да ја репродуцира музиката од телефонот преку Bluetooth конекцијата. Дополнителен бенефит е заедничкото гледање на музички спотови и концерти кога сте во поголемо друштво, со што сите истовремено ќе бидат во тек.

Фотографии од море, Instagram, TikTok…

Покрај напредната технологија кога е во прашање квалитетот на сликата и звукот, најспецифична карактеристика на овој телевизор е можноста на вертикалното гледање на содржината, што посебно доаѓа до израз преку скролањето по социјалните мрежи. Без разлика дали ги користите Instagram или TikTok само приватно или се дел од вашата работа, со олеснување ќе ја прифатите опцијата каде што повеќе нема да морате да ги заморувате очите гледајќи на малиот екран по цел ден, сега преку еден клик ќе го поврзите вашиот Android или IOS паметен телефон со телевизорот.

Искуството ќе биде целосно благодарение на QLED Quantum Dot технологијата на база на вештачка интелигенција, која е задолжена за совршена слика и боја, прилагодувајќи ја во склад со осветлувањето и надворешните околности до 4K резолуција.

Бура од идеи и заеднички проекти

За крај, оставивме една неочекувана примена на The Sero телевизорот, која има потенцијал да стане составен дел на модерните канцеларии. Благодарение на едноставното поврзување со било кој телефон во просторијата, кристално јасната слика и можноста за ротација на екранот, овој уред може да биде сјаен помошник во спремањето на презентации и групни проекти со колегите. Намето туркањето пред еден лаптоп, содржината на екранот ќе биде еднакво видлива на сите во просторијата, така целиот процес на собирање идеи ќе биде побрз и поефикасен.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдобри летни јадења: лесни и малку солени јадења

Редакција

Огромен пораст на заинтересираноста за купување на мебел и дизајн на ентериер: Ова се моментално најголемите трендови

Редакција

(Видео) Русија по речиси 50 години се враќа на Месечината

Редакција