еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Повик за одбрана: Потребни се луѓе на Водно за континуиран надзор и жив ѕид

Иницијаторите за спас на Водно и кои се против изградбата на гасоводот низ парк-шумата објавија јавен повик за одбрана.

„Дојде време Водно да се брани на терен. Дојде време кога сите сме му потребни на Водно. Друго нема.
Владата одобрува градење, багерите ќе работат. Ако сакаме да спречиме уште еден масакр и тоа најтежок до сега, после сите кули, патишта, градови на Водно и во име на „подобра иднина за сите” – контактирајте не со испраќање на порака или коментирајте јавно.

Секој, буквално секој, што може да дојде горе, колку и да е тоа кратко, дали пешки, дали со автобус до средно, па жичара до врв, а од таму до Седло каде се багерите, сите сме потребни горе на Водно. #JeSuisVodno е горе на срт!  Настанот почнува утре и ќе трае секој ден додека не се запре со лудилото на Водно, „Водно го решетаме, ‘ршум го праиме за повисоки цели, за доброто на сите”.

Пратете ни порака, пишете или коментирајте јавно, да се организираме за континуиран надзор и жив ѕид ако сакаат да рамнат уште писти и булевари горе!“ се вели во апелот на Го сакам Водно.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Активистите бараат да се тргнат багерите од Водно и оспорување на дозволите за градба на гасоводот 

Влада: Гасоводот е национален еколошки проект, без него штетата ќе биде многу поголема

(Фото) Багерите повторно го копаат Водно

Активистите бараат Владата јавно да ја објави одлуката за гасоводот да поминува низ Водно

Реџепи: Гасоводот ќе се гради на Водно, но со неколку измени на трасата

Град Скопје молчи за изградбата на гасоводот и одлуката по ова прашање не ја соопштува јавно

Граѓанските активисти остануваат цврсто на ставот ПРОТИВ уништување на Водно

(Фото) Анѓушев на Водно лично се уверуваше каква шума ќе биде уништена за трасата на гасоводот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шукова: Лично сум против рудници во државава, утре ќе бидам во Струмица за да ги слушнам граѓаните

Редакција

Од 1 декември само биоразградливи ќеси кои ќе чинат 15 денари

Редакција

Поради загадувањето: Зимскиот распуст за сите ученици продолжен за два дена

Редакција