еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Повисоки плати и месечни бонуси за вработените во Веро и Jumbo

Линеарно зголемување на платите и воведување месечни бонуси за вработените во Веро и Jumbo маркетите се мерките што ги презема менаџментот на компанијата со цел да го подобри животниот стандард на своите вработени, информираат од компанијата.

-Грижата за вработените и обезбедувањето најповолни услови за работа останува приоритет на менаџерскиот тим на Веро, особено во овој период кога земјата се соочува со зголемена инфлација и пораст на трошоците за живот.

Со исплатата на февруарската плата, околу 1.000 вработени во Веро и Jumbo маркетите ќе добијат зголемени нето-плати до 3.000 денари. Ова е втор поголем финансиски надомест за вработените во компанијата за четири месеци, откако во ноември менаџментот донесе одлука да им исплаќа месечен бонус од 2.000 денари.

Исплаќањето на овој месечен бонус за вработените се воведе како редовна практика со цел компанијата дополнително да ги мотивира сите вработени и континуирано да го наградува трудот на најпосветените работници. Зголемувањето на платите и исплатата на месечните бонуси за само четири месеци значително ги придвижува нагоре месечните примања на вработените, велат од таму.

Од менаџерскиот тим на Веро истакнуваат дека како работодавец компанијата секогаш наоѓа соодветен начин да им обезбеди бенефиции на своите вработени, дури и во кризни периоди.

– Веро е на македонскиот пазар 25 години, период во кој константно инвестираме во маркетите, услугите и во нашите вработени. Покрај во нивниот финансиски бенефит, вложуваме и во едукација и развој на тимот вработени со што креираме одлична клима за градење професионална кариера и личен развој.

Грижата за вработените и нивната финансиска стабилност се наш приоритет, бидејќи на тој начин обезбедуваме стабилност и просперитет на околу 1.000 семејства во земјава, вели Петар Денковски, генерален менаџер на Веро.

Зголемувањето на платите и воведувањето на други финансиски бенефиции за вработените доаѓа во период кога Веро интензивно инвестира во отворање нови маркети. Во моментов во тек се градежни активности за отворање нов Веро и Jumbo маркет во Куманово, како и на уште еден маркет во Скопје во рамки на новиот трговски центар „Дајмонд“ кој наскоро треба да се отвори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Естонија го ратификува Протоколот за НАТО

Редакција

Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Редакција

Од утре снег на планините

Редакција