еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повлечи ја одма статијата и извини се, побара Јашари од новинарка на „Фокус“ за вест за синот на Талат Џафери

Поранешниот министер за правда, Аднан Јашари побарал од новинарката на „Фокус“, Фросина Факова-Серафиновиќ да го повлече текстот „Синот на Талат Џафери положил правосуден во време на министерот Јашари од ДУИ – документите ги нема“.

„Фокус“ побарале коментар од Јашари, имајќи предвид дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) утврдила дека синот на Џафери положил правосуден испит без да заврши факултет, а тој го ставил потписот за положен испит.

Јашари одговорил дека не положил додека тој бил министер, туку пред него.

На прашањето дека информацијата е од Министерството за правда и дека потписот за положен правосуден испит го ставил тој, Јашари потенцирал дека положил шест месеци пред да стане министер.

„Фокус“ побарале писмена реакција од него, за да се објави неговата страна. Но, тој им напишал дека имаат погрешна статија.

„Повлечи го одма и провери го добро случајот,“ напишал Јашари.

„Информациите се од Министерството за правда. Слободно испратете демант, ќе го објавиме,“ му понудиле на Јашари.

„Јас не доставувам демант. Повлечи, да не барате извинување, рекол Јашари кој потоа објаснувал дека синот на Џафери не положил во негово време, дека тогаш се потпишувале правосудните испити од претседателката Лидија и дека статијата е лажна.

„Сега барам и да се извините,“ рекол Јашари.

Новинарката му го испратила соопштението од Министерство за правда и му објаснила дека не може да се извинува за објавена официјална информација од институција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

ЗНМ: Директорот на топлана „Скопје Север“, Рамадани да си поднесе оставка поради груби навреди кон новинарката Додевска

Фото: Министерство за правда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нема смешка за „Амди за претседател“ пошто смешката сме ние“: Твитер за кандидатурата на Бајрам за претседател на државата

Редакција

МНТ: Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот

Редакција

Пратеничката Калеска Ванчева која го згреши името на претседателот на украинскиот Парламент хит на Твитер

Редакција