еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЗНМ: Директорот на топлана „Скопје Север“, Рамадани да си поднесе оставка поради груби навреди кон новинарката Додевска

Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата „Скопје Север“, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк.

Во телефонски разговор помеѓу колешката Додевска и директорот Рамадани, поврзан со тема околу дозволите на оваа топлана, Рамадани на груб начин со недоличен речник ја пцуе новинарката со зборовите Пи*ка ти материна… матер ти е*ам!

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара тој веднаш да си поднесе оставка и алармира дека ваков однос кон новинарите и медиумските работници од страна на одговорни лица е недозволив и непримерен. Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос може да води кон самоцензура. Ваквиот однос претставува и притисок на слободата на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес.

Директорот Рамадани исто така, според разговорот објавен на мкд.мк, се заканува со тужба на новинарката Додевска без никаква основана причина што дополнително говори за нискиот капацитет за професионална комуникација.

ЗНМ стои на располагање на колешката Додевска за бесплатна правна помош и за застапување на суд во врска со овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Скопје Север“ доби забрана да работи на мазут, директорот Рамадани ќе го обжали решението

Директорот на „Скопје Север“ не гледа ништо спорно што топланата го користи загадувачот мазут

Мазутот да не биде погонско гориво за топланата „Скопје Север“, кога може да се користи гас

Фото: Рамадани/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба на Ковачевски со Вархеји во Скопје: Деблокадата на евроинтеграциите е потреба и сега е моментот за тоа

Редакција

Ќе може да се гласа и со истечени лични документи

Редакција

Општина Кичево склучи договор со ЕДС вреден 525,7 илјади евра

Редакција