еМагазин
Image default
Македонија

Повторно откажување на летови на скопскиот аеродром

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром повторно се одвива отежнато. Дел од летовите се откажани, а дел од оние што се треба да се реализираат, се очекува дека ќе доцнат.

Според веб страницата на скопскиот аеродром, откажани се полетувањата и слетувањата за и од Истанбул и Атина, додека летот од Доха на „Катар ервејс“ е пренасочен за Софија. Најавено е доцнење на летовите од Виена.

Утринава до 8 часот беа реализирани сите планирани полетувања и слетувања на скопскиот аеродром.

МИА/Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресуди за „крвавиот четврток“: Чавков осуден на 18 години затвор, Нинџа на 8 години, Игор Дурловски е ослободен…

Редакција

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажа конгрес на партијата во декември, побара и брзи парламентарни избори

Редакција

Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19

Редакција