еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците ќе формираат работни групи за забелешките за „францускиот предлог“, прва средба утре

Ќе се формираат работни групи меѓу политички партии кои ќе работат на предлог-забелешките кои се проблематични во целиот текст. Утре се очекува да биде првата работна средба, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Ова, како што рече, доаѓа по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да се разговара за измени кои што ќе го подобрат предлогот и ќе се вметнат одредени забелешки во однос на се она што е на штета на државата и националните интереси.

Мицевски напомена дека предлогот е во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса за Албанците и уште еден од помалите парламентарни политички партии.

Како што додаде, првата средба се очекува да биде утре, а времето и местото се’уште не се дефинитивно договорени. Персоналниот состав на овие работни групи дополнително во текот на денот ќе биде одобрен.

-Претседателот Мицкоски во изјавата претходно ги кажа четирите забелешки кои што ги има. Она што можам да кажам е дека работната група на ВМРО-ДПМНЕ и предлозите кои што ќе ги дава на таа работна средба ќе бидат во насока на заштита на идентитетот, јазикот и отргнувањето од бугарските мегаломански барања поврзани со ревидирање на историјата, изјави Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието ќе ја донесе одлуката дали ќе отпочнеме преговори со ЕУ, вели Ковачевски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ковачевски со сопругата Елена се сретнаа со истакнати нашинци во Македонскиот културен центар во Њујорк

Редакција

Мицкоски: За францускиот предлог е преговарано многу порано

Редакција

Помпео од Охрид порача да се чуваме од руско и кинеско влијание

Редакција