еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците нема поединечно да добиваат средства од буџетот за референдумската кампања

Водењето јавна кампања не подразбира  дека Собранието, како овластен предлагач, ќе дели средства поединечно на секој од 120-те пратеници за нивно водење кампања за референдумот на државно ниво, соопшти службата за информирање на Собранието на Република Македонија во, како што наведува, појаснувањето по дописот што денеска го испратил пратеник до претседателот на  законодавниот дом Талат Џафери, во кој го известува дека ќе учествува во јавната кампања за претстојниот референдум и оти бара да му се обезбедат средства за таа намена.

Затоа претседателот на Собранието Џафери, стои во соопштението, во текот на вчерашниот ден,  упати известување до пратеничките групи и до пратениците кои не се организирани во пратенички групи, во рок од три дена да го известат дали ќе учествуваат во јавната кампања и каков ќе биде нивниот став по референдумското прашање „за“ или „ против“.

Врз основа на добиените податоци, пропорционално, Собранието ќе закупи медиумски простор  за учество на дебатни емисии, пишани медиуми и интернет портали, најавува службата за информирање на Собранието на РМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Божиновски на судењето за „Талир 2“: Повредено ми е правото на одбрана

Редакција

(Галерија) Се одржаа 8. Твитер награди: Омилените твитерџии ги „покажаа“ ликовите

Редакција

Ѓоко Поповски повторно доби девет години затвор за „Триста„

Редакција