еМагазин
Image default
Македонија

Предметот „Империја“ даден на вештачење: Што се случува со другите предмети на СЈО?

На прашање за истрагата за случајот „Империја“, обвинителката Вилма Рускоска денеска изјави дека предметот е даден на вештачење.

-Ќе се изврши материјално финансиско вештачење на предметот, затоа што има се уште неколку сведоци да се сослушаат, ама тие паралелно додека тече вештачењето ќе се сослушат, неколку сведоци за кои колешките сметаат дека се неопходни, истакна обвинителката.

Во врска со предметите од поранешното на Специјално јавно обвинителство (СЈО), Рускоска рече дека кога почна преземањето на предметите, прво од ЈО на СРМ, па после со оглед на кривичните дела се распоредуваат што кај нас, што во ОЈО во Скопје, решиле сите предмети кои се пред крај со истражна постапка или пред крај со предистражна постапка прво да одат на реферирање во ЈО на СРМ, па после да се донесе одлука што понатаму со предметите, дали ќе се отвори истрага или дали треба да се надополни истрагата или да се поднесе обвиненија.

-Така да се уште ниеден од тие предмети не е рефериран, додаде таа.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли епилог за „Империја“ по затворските казни за Јанева и Боки 13?

За што се работи во предметот “Поштенска банка“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата „бомба„

За што се работи во предметот „Талир 2“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата аудио снимка

За што се работи во „Попис“, случај на СЈО за кој зборува Заев во новата „бомба„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Ќе се најдеме во непријатна состојба ако не се донесе законот за Јавно обвинителство

Редакција

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Поднесена жалба на мерката притвор за Мијалков за „Плацеви на Водно“

Редакција