еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Продолженото породилно отсуство трае се до завршувањето на времените мерки

Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од корона вирусот.

„За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ БР.90/20), со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од корона вирусот.

Одлуката за времетраење и завршување на времените мерки ја носи Владата по препорака на Комисијата за заразни болести. Надоместокот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пензиите ќе се исплаќаат од 27 мај до 1 јуни, според висината на примањата

Редакција

Заев најави ново зголемување на минималната плата на 13.000 денари

Редакција

Државата ќе ги плати режиските трошоци за 19 студентски и ученички домови

Редакција