еМагазин
Image default
Македонија

Предметот за рушење на “Космос“ на Цановски на јавна седница во Апелација

Апелацискиот суд денеска треба да одржи јавна седница за кривичниот предмет „ТНТ„ во јавноста познат како „рушење на Космос“.

На 20 мај лани, Кривичниот суд Скопје, првообвинетиот во случајот „ТНТ“, Никола Груевски (во бегство), го прогласи за виновен и го осуди на девет години затвор, а на три години затвор  поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски исто така е прогласен за виновен и осуден на четири години. Иста казна затвор од четири години и беше изречена и на обвинетата Елизабета Најдовска.

Првото рочиште за овој случај беше одржано на 24 јануари 2018 година. Судењето за овој предмет го водеше судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Според обвинителниот акт поднесен од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), во временскиот период од 01.04.2011 година до крајот на 2012 година во Скопје, обвинетиот Груевски, во својство на премиер на Владата и обвинетиот Јанакиески, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Фиат Цаноски за неговата политичка одлука, кој како претседател на политичката партија ПЕИ, ја напуштил коалицијата со политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичката партија СДСМ, искористувајќи ја нивната реална моќ со умисла го поттикнале обвинетиот Трајковски, да стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” и да тој ја искористи својата службена положба и незаконски да го сруши станбено-деловниот објект “Космос“, што бил граден од оштетениот-инвеститорот Цаноски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега попишани вкупно 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови

Редакција

Регистриран прв случај со коронавирусот во Берово

Редакција

За 24 часа нови 9 случаи на Ковид-19 од 2.743 тестирање

Редакција