еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Игор Милев кој Владата го предлага на местото на Зоран Китанов во Македонски телеком

Владата го предлага Игор Милев за местото претседател на Одборот на директори на Македонски телеком од редот на неизвршни членови.

Новиот владин преставник, Милев доаѓа на местото на Зоран Китанов, кој се повлекува од функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Китанов се повлекува од Одборот на директори на Македонски телеком, на негово место Владата го предлага Игор Милев

Владата поседува 34,81% во компанијата и златна акција.

Кој е Милев

Според официјалната биографија, која Македонски телеком ја објави преку Македонската берза, во 1999 година дипломирал на Правниот фактултет„ Јустинијан Први“ во Скопје.

Во 2002 година положил правосуден испит.

Завршил последипломски студии на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје – казнена група.

Зборува англиски јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Од 1999 до 2001 година работел како приправник во Основниот суд во Радовиш.

Во периодот од 2001 до 2002 година бил раководител на правната служба во Јака 80 АД Радовиш.

Од 2002 до 2015 година работел како адвокат.

Милев од 2015 до 2017 година бил член на Државната изборна комисија.

Од 2018 до 2023 година бил советник на директорот на Царинска управа.

Од 2011 до 2013 година бил член на Управниот одбор на Адвокатска комора на Македонија.

Во периодот од 2004 до 2005 година бил член на второстепената Комисија за јавни набавки при Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски телеком ги објави надоместоците и платите на владините преставници во Одборот на директори, Китанов, Дураки, Ангеловска

Кои се преставниците на Владата во Македонски Телеком

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги новите антикорупционери: Кој е новинарот Горан Трпеноски

Редакција

Уставен ја отфрли иницијативата за бугарскиот клуб “Иван Михајлов”, оти тој веќе не постои

Редакција

(Фото) „Алкалоид“ ќе помага и на македонското таеквондо

Редакција