еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Предвремени избори „џокер“ на Заев, каква тактика има Мицкоски?

Македонските граѓани рано утрово почнаа со коментари околу вчерашните резултати на референдумот на кој убедливо мнозинство од над 660.000 лица кои излегоа на гласање дадоа поддршка за зачленување во ЕУ и НАТО и прифаќање на Договорот со Грција за промена на името на земјава во Република Северна Македонија.

Премиерот Зоран Заев веќе се изјасни дека оваа бројка за него е доволен сигнал дека не треба да даде оставка и дека ќе продолжи да бара поддршка за довогорот односно за уставните измени во Собранието. Тој порача и дека доколку нема дво-третинско мнозинство пратеници е подготвен да излезе на предвремени парламентарни избори уште во ноември, годинава.

Со тоа, Заев покажа дека не се плаши од избори и дека верува дека мнозинството граѓани ќе му дадат повторна поддршка да формира Влада, што автоматски би значело и ново мнозинство во парламентот. Доколку победи на избори, Заев би имал отворен пат за спроведување на предвидените уставни измени.

Спротивно на Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера избегна да даде директен одговор на прашањето дали е подготвен за избори иако тој порача дека е време Заев да замине во политичка пензија. Тој меѓудругото побара пратениците да ја прифатат пораката од народот односно од „неуспешниот референдум“ и да не ги гласаат уставните измени.

Очигледно е дека Мицкоски се плаши од избори, а тоа е разбирливо со оглед на неговиот релативен низок рејтинг меѓу гласачите. Останува нејасно, каква е тактиката на Мицкоски доколку навистина не се обезбеди дво-третинско мнозинство во Собранието и заради тоа бидат распишани избори.

Се наметнува прашањето дали тој е подготвен да ги бојкотира и изборите како што го бојкотираше референдумот?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телеком се огради од Дардишта: „Очекуваме реакција од Владата која ја постави како независен член на Одборот на директори“

Редакција

Сакале да крадат од зградата која се запали во скопски Чаир, уапсени две лица

Редакција

Загинатите на Галичица се брачен пар од Ресен: МВР со детали за несреќата

Редакција