еМагазин
Image default
Македонија

Прекини на гласањето во неколку избирачки места, со УВ ламба и спреј се гласа на седум избирачки места

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција соопшти дека гласањето на Локалните избори во седум избирачки места се одвива со УВ ламба и спреј, како на минатите избори, поради неможност за употреба на уредите за отпечатоци од прсти.

Исто така информираше и на кои избирачки места имало прекини во гласањето.

Според него, прекин имало во Општина Боговиње на избирачкото место 2063 помалку од еден час, во Општина Бутел во избирачкото место 2914 повеќе од еден час, во Општина Гевгелија во избирачкото место 0348 еден час и 40 минути, во Општина Гостивар на едно избирачко место имало мал прекин, во Дебарца во избирачкото место 1315 имало прекин од два часа, во Демир Хисар во избирачко место 0630 имало прекин два часа, во Липково во избирачкото место 1616 имало прекин 30 минути, во Македонски Брод во избирачкото место 0258 повеќе од еден час.

Во Ново Село во избирачкото место 1774 имало прекин два часа и 55 минути и таму гласањето е продолжено со УВ ламба и спреј, бидејќи, како што кажа Даштевски, не успеала да се заврши техничката поправка.

Во Пехчево имало прекин во две избирачки места од по 15 минути, во Радовиш во избирачкото место 1584 имало прекин од еден час и 36 минути, во Росоман на избирачкото место 0716 имало прекин еден час и 50 минути, во Сопиште на избирачкото место 2415 имало прекин од два часа, во Старо Нагоричане во избирачкото место 1162 имало прекин од помалку од еден час и таму се гласа со УВ ламба и спреј, во Лабуништа на избирачкото место 1907 имало прекин од два часа, во Струмица на избирачкото место 1739 имало прекин од час и 30 минути, во Студеничани на избирачкото место 2354 каде гласањето продолжило со УВ ламба и спреј, во Центар во избирачкото место 2867 имало прекин од еден час и 30 минути, во Чаир во избирачкото место 2942 гласањето продоило со УВ ламба и спреј, во Чешиново Облешево на едно избирачко место имало прекин од 30 минути, и на две избирачки места 1468 и 2478 во селата во околината на Чучер Сандево се гласа со УВ ламба и спреј.

На овие места каде што имало прекин Даштевски посочи дека гласањето ќе продолжи за онолку време колку што било прекинато.

Нема избирачки места каде што имало прекин повеќе од три часа.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Редакција

По болниците низ Македонија се лекуваат 869 позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

(Видео) Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13, Јасна Мандиќ на распит кај Русковска

Редакција